ДЕТЕ ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА СТРАШНА НЕСРЕЌА Удрил во бетонски столб, тројца повредени од кои еден потешко

Малолетник управувал „опел“ во селото Дебреште кога изгубил контрола и удрил во столб, тројца повредени, еден со тешки повреди.

240

14-годишно момче тешко повредено во сообраќајка во Дебреште, откако автомобил управуван од малолетник удрил во бетонски столб.

Несреќата се случила на 23 февруари околу 20:30 часот во селото Дебреште, општина Долнени. Според информациите од полицијата, патничко возило „опел“ со прилепски таблички, кое го управувал 14-годишник од селото, излетало од патот и удрило во бетонски столб.






Во судирот тешко е повреден 14-годишен сопатник од Дебреште, додека возачот и уште еден 16-годишен сопатник се здобиле со полесни телесни повреди.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница во Прилеп, каде што им била укажана лекарска помош.

Од полицијата информираат дека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини