ПОЧИНА ДОЛГОГОДИШНИОТ КУЛТУРЕН РАБОТНИК НИКОЛА ГЛИГОРОВ Беше директор на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје

Никола Глигоров беше ангажиран на организацијата на повеќе фестивали и манифестации што се одржуваа во Скопје.

469

По кратко боледување денеска во Скопје почина долгогодишен културен работник Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, објави дирекцијата на својата Фејсбук-страница.

„Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот“ – се вели во соопштението.






Никола Глигоров беше ангажиран на организацијата на повеќе фестивали и манифестациии, како што се: Скопско лето, Музичката есен, Денови на европско Скопје, Матурска парада, како и на дочеците на на Нова Година на плоштадот Македонија.

Поврзани содржини