НЕ МОРА ДА ЈАДЕТЕ САМО ЦИТРУСИ! Од печен компир, до свежи црвени пиперки, многу намирници го содржат витаминот Ц

Витаминот Ц (аскорбинска киселина) е една од клучните хранливи материи без која телото не може оптимално да функционира. Добро познати извори се првенствено цитрусните овошја, но постојат намирници кои содржат и повеќе од овој витамин важен за многу процеси во телото.

34

Витаминот Ц е важна хранлива материја која помага во зајакнување на имунитетот, помага во апсорпцијата на железото од храната на растителна основа и е неопходна за синтеза на колаген, протеин кој ги одржува кожата, крвните садови, коските и зглобовите силни и еластични. Како моќен антиоксидант, ги штити клетките од оксидативен стрес.
Препорачаниот дневен внес е околу 90 мг за мажи и 75 мг за жени, иако потребите може да бидат поголеми за пушачи, бремени жени и луѓе под стрес. Иако цитрусните овошја често се првите што паѓаат на ум, листата на намирници богати со овој витамин е многу поширока.






Неочекувани извори на витамин Ц
Црвените пиперки предничат кога зборуваме за зеленчук богат со витамин Ц, бидејќи една сирова пиперка може да обезбеди повеќе од 90 мг витамин Ц. Тие исто така содржат витамини А и Е, како и фолна киселина и калиум. Најдобро е да се јадат свежи, во салати или како сиров додаток во оброк.

Брокулата, особено кога е малку зготвена на пареа, задржува значителен дел од својот витамин Ц: околу 50 мг во половина порција. Исто така, обезбедува влакна и растителни антиоксиданти кои помагаат во намалувањето на воспалението.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини