СО ГОДИНИ НИ КАЖУВАА ДЕКА НЀ ДЕБЕЛЕЕ Eкспертите сè повеќе предупредуваат дека се целосно неправедно запоставена храна
Многу луѓе неправедно ги избегнуваат иако може да помогне во контролата на апетитот
Со години имаше лоша репутација меѓу оние кои внимаваат на својата тежина, но експертите сè повеќе предупредуваат дека е сосема неправедно запоставена храна. Компирите, ако се подготват правилно, можат да бидат еден од најдобрите сојузници за долго чувство на ситост и контрола на апетитот.
Нутриционистите истакнуваат дека варените или печените компири содржат релативно малку калории, а во исто време се многу заситувачки. Затоа многумина им ги препорачуваат на луѓе кои се обидуваат да ослабат, но без да чувствуваат глад во текот на денот.
Според податоците цитирани од Medical News Today, компирите се богати со растителни влакна, калиум, витамин Ц и сложени јаглехидрати кои побавно ослободуваат енергија. Особено е интересно што варените компири имаат многу висок индекс на ситост, што значи дека ве држат сити подолго во споредба со многу други прилози, како што се тестенините или белиот ориз.
Проблемот, велат експертите, не е во самите компири, туку во начинот на кој се подготвуваат. Пржените компири, чипсот и компирите подготвени во големи количини масло го претвораат здравиот прилог во калорична бомба. Меѓутоа, кога се варат, се печат во кора или се подготвуваат без многу маснотии, ситуацијата е сосема поинаква. Дополнителен плус е што компирите лесно се комбинираат со зеленчук, риба или посно месо, па затоа можат да бидат дел од избалансиран оброк. Нутриционистите исто така советуваат да се остават накратко да се изладат по готвењето, бидејќи тоа создава таканаречен „отпорен скроб“, кој може да има позитивен ефект врз варењето и да ве одржува сити подолго време.