ФАТЕНИ ПОТПАЛУВАЧИТЕ НА „ЛАНД РОВЕРОТ“ ВО СТРУМИЦА Полицијата најде дрога и сомнителна облека во домовите
Претреси во повеќе домови во струмичко, пронајдени дрога и облека поврзана со палењето на возилото.
Четири лица од Струмица и струмичко се приведени под сомнение дека го подметнале пожарот во паркирано возило „ланд ровер“ во Струмица. Акцијата ја спровела полицијата во текот на 21 и 22 февруари.
Станува збор за Д.Г.(19) од село Секирник, Р.П.(38) од село Владевци, А.Т.(26) од село Еднокуќево и К.Г.(19) од Струмица, кои се осомничени како можни сторители на кривично дело поврзано со палењето на возилото.
Во рамки на истрагата, на 22 февруари по судска наредба биле извршени претреси во домовите на тројца од осомничените. Кај Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, кај А.Т. била најдена кафеава грутчеста материја за која тој изјавил дека е хашиш, додека во домот на К.Г. била пронајдена облека за која постои сомнение дека била користена при извршувањето на делото.
Од полицијата информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување ќе бидат поднесени соодветни пријави.