МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО НАПУШТАТ МЕКСИКО Апел од МНР да се одложат сите неитни патувања кон оваа земја

МНР континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.

403

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Мексико, поради влошената безбедносна состојба во државата, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.

– Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected] – велат од МНР.






Оттаму додаваат дека континуирано ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста.

 

 

Поврзани содржини