6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ ЛИЦЕНЦИТЕ Министерот Алиу ги соопшти првичните наоди на стручната контрола

Министерот за здравство рече дека во оваа рана фаза на постапката не може да даде повеќе детали зошто фирмите не ги исполнуваат условите за да имаат лиценци, ниту сакаше да ги открие нивните имиња додека не заврши постапката.

983

Најмалку 6 од 10 лиценцирани компании за производство на канабис во медицински цели, по извршените контроли, се во постапка да ги изгубат лиценците, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма.

– Од досега процесираните компании, од 10 најмалку 6, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – рече Алиу.






Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија ан министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката е сѐ уште е во тек.

На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, министерот Алиу рече дека не сака тоа да го направи во оваа рана фаза, и дека процесот ќе заврши во вторник кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.

Поврзани содржини