ГО ВНЕЛЕ ВО КУЌА, ГО ТЕПАЛЕ И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Киднапирање во село Гајре, во кое учествувал и малолетник
Во Гајре, во присуство на родител, приведен бил и 16-годишникот.
Жител на тетовското село Гајре пријавил дека бил киднапиран, малтретиран и заплашуван со оружје. Според пријавата, инцидентот се случил околу 20 часот во петокот, кога 39-годишниот З.И. бил пресретнат во селото од Л.М., а со него бил и еден 16-годишник. Тие излегле од „голф“ со тетовски регистарски таблички, го оттурнале и насилно го внеле во дворот на куќа во сопственост на Л.М.
Таму, како што навел пријавителот, му се заканувале со огнено оружје и го удирале со тврд предмет.
Полицијата реагирала веднаш. Околу 21.50 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово, биле приведени А.М. (43) и Е.М. (20) од Гајре. Тие биле затекнати во истиот „голф“, кој претходно не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници.
Во Гајре, во присуство на родител, приведен бил и 16-годишникот. Сите тројца се задржани во полициска станица, а возилото е однесено на дополнителен преглед во Полициската станица Тетово. Полицијата трага по Л.М., кој засега не е достапен. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.