УНИШТЕНИ 1.010 КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА „ЗДРАВА ХРАНА“ Некои фирми немале никаква дозвола да работат со храна

Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба.

187

Илјада и десет килограми небезбедна здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) запленета од 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава. Контролираните оператори биле именувани како објекти за производство и промет со здрава храна.

Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20 550 евра во денарска противвредност.






Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло.

Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите.

Поврзани содржини