ПРОТЕСТ ВО БЛАТЕЦ ПРОТИВ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БЛАТЕШНИЦА Локалното население во одбрана на реката и на животната околина

На протестот присуствуваше и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, кој им даде поддршка на жителите.

69

Неколку стотици жители на виничкото село Блатец денеска протестираа против изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Меѓу присутните имаше и постари луѓе и многу млади, кои застанаа заедно во, како што велат, одбрана на природата и локалните ресурси.

Демонстрантите истакнаа дека нивниот отпор не е од инает, туку од загриженост за водата, животната средина и иднината на местото. Порачаа дека нема да дозволат проект што може да го загрози регионот.






На протестот присуствуваше и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, кој им даде поддршка на жителите и најави институционална помош за побрзо решавање на ситуацијата.

Жителите велат дека протестите ќе продолжат додека не се обезбеди, како што наведуваат, заштита на природните богатства и интересите на локалното население.

Поврзани содржини