КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА РОСОМАН Се сомничи за проневера на околу 500.000 денари
„Од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н,“ соопшти СВР Велес.
Одделение за внатрешни работи Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
„Во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. (Стојан Николов) во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.