ДАЛИ ЧЕСТО ОДИТЕ НА МОКРЕЊЕ „ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ“? Колку пати на ден е нормално да мокриме?
Колку пати на ден е нормално да мокриме, кога треба да се загрижиме и зошто честото превентивно, односно, мокрењето „за секој случај“ не е добро?
Многумина од нас мократ „за секој случај“ пред да одиме на патување, пред да седнеме да гледаме филм или да си легнеме. Иако ова повремено не е штетно, прекумерното превентивно мокрење може да го навикне нашиот мочен меур на помал капацитет – што може да резултира со чести одења во тоалет.
Одговорот на прашањето колку пати на ден е нормално да мокриме зависи од неколку фактори – внес на течности, исхрана, телесна тежина, метаболичка стапка, но и од полот.
Во просек, повеќето луѓе мокриме околу 5-6 пати на ден, а кај мажите овој број е малку поголем.
Мочниот меур на просечен возрасен може да складира околу две чаши урина (околу половина литар) во период од 2-5 часа. Кога е полн, мозокот добива сигнал дека е време да се испразни.
Не постои строга норма за здрави луѓе за тоа колку пати на ден е нормално да мокрите, но ако мокрите значително почесто – на пример, мокрење на секои 2 часа или повеќе – тоа може да биде знак на намален капацитет на мочниот меур или некој друг проблем.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.