🎥 БОГДАНКА КУЗЕВСКА ПАРТИСКИ ГО ОБОИ ПРОТЕСТОТ НА СИНДИКАТОТ Портпаролката на СДСМ се нацрта пред Владата и одржа прес-конференција
Наместо на Бихаќка, портпаролката на СДСМ се појави пред Владата еден час пред блокадата за да ја најави акцијата на Синдикатот, а излажа дека „пола Влада се шетала со владиниот авион“, дека главна дестинација била Будимпешта „кај нивниот шеф Груевски“ и дека премиерот Христијан Мицкоски со овој авион бил на Јадран. Потоа го повика премиерот да „слезе“ пред синдикалците. И како после да веруваме протестот на ССМ не бил партиски мотивиран?!
Наместо во седиштето на СДСМ на Бихаќка, каде што вообичаено ги држи прес-конференциите, портпаролката Богданка Кузевска се појави пред зградата на Владата еден час пред најавената блокада на Синдикатот. Еве што кажа:
Темата за наводната злоупотреба на авионот не е нова и СДСМ ја рециклираше во неколку партиски соопштенија. Владата демантираше дека имало било какви злоупотреби:
„Jaвно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола. Ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба“, соопшти Владата.
СЕКОЕ ЛЕТАЊЕ СО АВИОНОТ МОЖЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ Владата негира дека леталото било злоупотребено
Останува дилемата кој ѝ наложил на портпаролаката на СДСМ вака да го компромитира протестот на Синдикатот, најавувајќи го и кажувајќи кој што треба да праша и да каже и подгревајќи ги сомневањата дека ССМ и СДСМ координирано ги организираат блокадите и протестите.