НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

28-годишна жена од Кавадарци пријавила измама тешка 3.000 евра, откако ѝ бил ветен заеднички бизнис кој никогаш не бил реализиран. Полицијата го расчистува случајот.

239

Дваесет и осумгодишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена за 3.000 евра, откако поверувала во понуда за заеднички бизнис.

Според нејзината пријава, друга жена од градот ѝ предложила да започнат сопствена деловна активност. Парите ги предала лично, со очекување дека договореното ќе се реализира. Но, наместо почеток на бизнис, следувало разочарување – проектот никогаш не бил започнат, а парите не ѝ биле вратени.






Случајот е пријавен во полиција и во тек е постапка за расчистување на настанот.

Поврзани содржини