ПРВО УЧЕСТВО И ВИСОК ПЛАСМАН ЗА ПЕТКОВ Македонскиот скијач го заврши олимпиското деби со 55 место

Петков успешно го заврши своето прво олимписко учество, иако конкуренцијата на патеката „Стелвио“ беше историски силна, а сензационалниот шампион трката ја однесе Бразилецот Лукас Пињеиро Братен.

96

Македонскиот алпски скијач, Виктор Петков, го заврши своето прво учество на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, освојувајќи 55 место во велеслалом на една од најпредизвикувачките патеки во светот, „Стелвио“ во Бормио.

По првото возење, Петков го делеше 57 место со време од 1:27:36 минути, но со смирено и тактички зрело второ возење, успеа да го подобри својот пласман и да се искачи на конечната 55-та позиција.






– Со ова успешно ја заврши својата олимписка мисија и најави светла иднина како еден од носителите на македонското алпско скијање – велат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Трката беше одбележана со исклучително високо темпо и историски резултати, а по првата трка водеше извонредниот Лукас Пињеиро Братен од Бразил, кој подоцна стана сензационален олимписки шампион.

МОК истакнува дека настапот на Петков е значаен за македонското алпско скијање и дека неговиот пласман на толку високо ниво во светска конкуренција е мотив за младите спортисти и за идните олимписки натпреварувања.

Македонските настапи на Зимските олимписки игри продолжуваат со Јана Атанасовска, која ќе се натпреварува во велеслалом и слалом на 15 и 18 февруари.

Поврзани содржини