МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА УБАВА ВЕСТ ОД САД ЗА МАКЕДОНИЈА Тарифите за 64 стратешки производи ќе се намалат на 0 до 6 проценти

Очекувам поволни вести, денеска да биде потврдено со заедничка изјава, очекувам некаде околу 63, 64 производи, кои за нас се стратешки, да бидат со повластена тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5 проценти, рече премиерот Христијан Мицкоски. 

906

Очекувам денеска убава вест, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од САД за Македнија.

– Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш, кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми кои ја критикуваа Македонија како добила 34 проценти тарифи од САД. Очекувам поволни вести, денеска да биде потврдено со заедничка изјава, очекувам некаде околу 63, 64 производи, кои за нас се стратешки, да бидат со повластена тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5 проценти – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини