САИТ САИТОВ УАПСЕН ВО БЕЛГРАД ОТКАКО ПРЕГАЗИ ЖЕНА ВО СКОПЈЕ И ИЗБЕГА Одреден му е екстрадициски притвор

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

523

Во Белград лишен е од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега, соопшти МВР.

-На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026 – соопшти МВР.






На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

СОПРУЖНИЦИ СО „МЕРЦЕДЕС“ МУ ПОМОГНАЛЕ НА САИТ ДА СЕ СОКРИЕ ВО СРБИЈА Покренато обвинение за две лица, предложен е притвор

САИТОВ СЕ СНИМАЛ КАКО ДИВЕЕ ПО УЛИЦИТЕ По објавите во медиумите, ги избришал видеата

 

18-ГОДИШНИКОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА КАЈ КАПИШТЕЦ ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА Полицијата го бара Саит со меѓународна потерница

Поврзани содржини