MАЛКУ ВРЕМЕ, МНОГУ ВКУС Ги откривме трите dmBio органски сосови за брзи оброци

Готовите органски сосови од марката dmBio се практично решение за сите кои сакаат да подготват разновидни јадења за само неколку минути, без компромис со вкусот и квалитетот.

52

Во секојдневието исполнето со обврски, желбата за брз, а сепак вкусен и квалитетен оброк е сѐ почеста. Токму затоа, готовите органски сосови од марката dmBio се практично решение за сите кои сакаат да подготват разновидни јадења за само неколку минути, без компромис со вкусот и квалитетот.

dmBio веќе години наназад нуди богата палета на сертифицирани органски производи, создадени со внимателно одбрани состојки и произведени според најстрогите стандарди за органско производство. Готовите dmBio сосови се дел од оваа филозофија: без вештачки ароми, бои и конзерванси, со автентични вкусови инспирирани од светските кујни.






За љубителите на зачинети и кремасти јадења, dmBio индискиот кари сос нуди балансиран, кремасто-пикантен вкус со индиски зачини, домати, пиперки, индиски ореви, кокос и чили. Совршен е во комбинација со ориз и зеленчук, а за кратко време создава оброк со богат и интензивен карактер.

Егзотичниот dmBio таи кари сос внесува дух на тајландската кујна во секојдневното готвење. Комбинацијата од црвена и жолта пиперка, кокос, кари и ананас резултира со сочен и ароматичен сос кој одлично се вклопува со пржен зеленчук и ориз – идеален избор за брз, но впечатлив ручек или вечера.

За дополнителна димензија на вкус, тука е и dmBio SATÉ пастеризираниот прелив од кикирики, со пикантно-оревеста арома и органски состојки со висок квалитет. Совршен како додаток на таљатели, ориз или јадења од азиската кујна, овој сос го претвора секој оброк во вистинско гастрономско доживување.

Со готовите органски сосови dmBio, готвењето станува едноставно, инспиративно и брзо. Без разлика дали подготвувате оброк за себе, за семејството или за пријатели, dm ви овозможува да експериментирате со вкусови и да создадете безброј комбинации – секогаш со органски квалитет и по поволни цени.

Поврзани содржини