ЦЕЛА ГОДИНА ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ЧАИР Ќе се гради улицата Лазар Трпевски

Времениот сообраќаен режим ќе биде на сила во период од 9 февруари 2026 година до 2 февруари 2027 година.

268

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата Лазар Трпевски (улица Ферид Мурат), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во дел од општината Чаир.

Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје, издадено на 2 февруари 2026 година.






Времениот сообраќаен режим ќе биде на сила во период од 9 февруари 2026 година до 2 февруари 2027 година.

Поврзани содржини