ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО, ИМА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Намалена видливост до 60 метри
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.
Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија-граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.