🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) БОМБАШ-САМОУБИЕЦ РАЗНЕСЕ ЏАМИЈА ВО ПАКИСТАН Повеќе од 30 мртви и околу 170 повредени

На снимките од местото на настанот, објавени од локалните медиуми, е прикажана уништената џамија, остатоци расфрлани по експлозијата, како и насобрани граѓани и членови на семејствата што си ги бараат исчезнатите.

501

Во самоубиствен бомбашки напад во шиитската џамија „Тарлаи Имамбаргах“ во областа Шехзад Таун во Исламабад загинаа најмалку 31 лице, а 169 се повредени, соопштија локални извори и безбедносни претставници.

Експлозијата се случи во текот на молитва во момент кога верниците се собирале во „Имамбаргах“, религиозно место на кое шиитските муслимани се собираат за да се молат и да го одбележат мачеништвото во Кербала, објави „Индија тудеј“.






Според првичните резултати од истрагата, властите го окарактеризираа инцидентот како самоубиствен напад.

На снимките од местото на настанот, објавени од локалните медиуми, се прикажани уништена област, остатоци расфрлани по експлозијата, како и насобрани граѓани и членови на семејствата што си ги бараат исчезнатите.

Безбедносните сили бргу ја обезбедија пошироката област, а форензички екипи, полиција и медицински персонал беа испратени на местото на настанот.

Службите за итна помош веднаш почнаа со евакуација на повредените, кои беа однесени во блиските здравствени установи.

Пакистанскиот институт за медицински науки прогласи вонредна состојба, а повредените се лекуваат во оваа болница и во поликлиниката – пренесе весникот „Експрес трибјун“ повикувајќи се на официјални претставници.

Поврзани содржини