РОМИТЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДО 29 ГОДИНИ ДА ЗАВРШАТ ОСНОВНО ШКОЛО Ромски деца се запишуваат во училиште и не доаѓаат на настава

Министерството за образование и наука ангажира и плаќа 40-ина ромски медијатори за да се зголеми опфатот односно вклучувањето на ромските деца во училиштата, но за жал, тие не доаѓаат на настава.

326

За да може да полагаат за возачка дозвола доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Роми што бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи се неписмени.

Министерката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Декада на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка заедница.






– Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години или сигурно до 25 тие преку Центарот за образование на возрасни добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некакво образование соодветно на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн. – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа посочи и дека МОН ангажира и плаќа 40-ина ромски медијатори за да се зголеми опфатот односно вклучувањето на ромските деца во училиштата, бидејќи, како што рече, се случува тие да бидат запишани, но да не доаѓаат на училиште и да ја напуштаат наставата.

Поврзани содржини