ГО ФАТИЛЕ СО ПОЛОВИНА ТОН НАФТА ВО КОЛАТА!? Ја носел во туби

При претрес биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои возачот не поседувал соодветна документација.

296

Во село Пепелиште, неготинско, вчера попладнето полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода О.П. (51) од Пепелиште, соопшти МВР.

При контрола на патничко возило „ровер фрилендер“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои возачот не поседувал соодветна документација.






О.П. е задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини