ЗОШТО ЗАЕВ СЕ ЈАВУВАЛ ВО ЦАРИНА И СЕ ИНТЕРЕСИРАЛ ЗА СЛУЧАЈОТ СО МАРИХУАНАТА? Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа СДСМ ако има докази да ги достави во Обвинителството
„Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во Царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку СДСМ има докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до Јавното обвинителство, повика ВМРО-ДПМНЕ, а во спротивно најави тужба.
„Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба. На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност. Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во Царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека СДСМ мора да разбере дека ако нивни членови краделе, ВМРО-ДПМНЕ не краде.
„СДС е синоним за криминал, корупција и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за чесност, работа и дела“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ претходно реагираа дека власта трет ден по ред молчи за, како што рекоа, огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Од СДСМ го повикаа Обвинителството да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за „скандалот, без разлика кој на која функција се наоѓа.“