Јануари донесе празнична радост и постави рекордно ниво на добивки за играчите на Видеолотарија Касинос Австрија. Компанијата исплати фантастични 72.586.111 денари или скоро милион и 200.000 евра на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија во периодот од 01 до 31.01.2026.
– Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Среќните бројки во јануари зборуваат гласно: двајца Ројал џекпот добитници заедно поделија 19.744.368 денари. На тројца Супер милионер џекпот добитници исплатени им се вкупно 18.719.691 денари. На 17 Милионер џекпот добитници исплатени им се вкупно 26.274.165 денари. Добитниците на Мини џекпот заедно поделија 7.847.887 денари – велат од ВЛТ.
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните играчи низ Македонија им се исплатени преку три милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.
– 2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници. Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за Премиум, Ројал, Супер милионер, Милионер и Мини џекпот – додаваат од компанијата.