ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА НАВИВАЧИТЕ Еве како да бидете дел од големата битка со Данска

Сите детали за билетите, блоковите и како нашите навивачи можат да го поддржат националниот тим на 26. март на стадионот „Паркен“.

122

Македонската А репрезентација ќе ја одигра својата клучна пресметка за пласман на Светското Првенство 2026 против Данска на 26. март на легендарниот стадион „Паркен“ во Копенхаген.

Фудбалската федерација на Данска ги обезбеди местата за нашите навивачи, со јасно одредени блокови и цени:






– Гостински навивачи: Блок D1 – до 1.750 седишта, Цена: 3.650 денари

– Гостински навивачи со попреченост: Блок D1 – 6 позиции за корисници на инвалидски колички, Цена: 3.650 денари

Навивачите и сите поддржувачи на националниот тим можат да ги купуваат билетите директно преку веб-платформата на ФФМ на https://eticket.ffm.mk/

По завршувањето на купувањето, секој навивач ќе добие е-пошта со потврда за трансакцијата, врз основа на која ќе биде издаден официјалниот билет и испратен на наведената е-пошта.

Важно: Билетите ќе пристигнат електронски 14 дена пред одигрувањето на натпреварот, за сите да можат безбедно да ги преземат и да се подготват за поддршка на националниот тим.

Ова е шанса за македонските навивачи да бидат дел од историјата и да го бодрат тимот во еден од најзначајните натпревари за пласман на Светското Првенство.

Поврзани содржини