ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКОТО АЛПСКО СКИЈАЊЕ Eва Милевска од СК Пелистер Битола ќе го има првиот настап во Европа купот

Со оглед на тоа дека сме на прагот на Зимската олимпијада, ова е исклучително важна трка и последна проверка за најдобрите во светот на брзите дисциплини. Изразувам голема благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија како мој поддржувач, компанија која ми овозможи учество на натпреварите од Европа купот, изјави младата и перспективна алпска скијачка Ева Милевска.

152

Видеолотарија Касинос Австрија соопшти дека обезбедила значајна поддршка за Скијачкиот клуб Пелистер од Битола.

„Со ова овозможува континуирана подготовка и учество на клубот на големи меѓународни натпреварувања, во пресрет на Зимската олимпијада што ќе се одржи сега во февруари, во Кортина д’Ампецо, Италија“.






Репрезентативката на СК Пелистер Битола, младата и перспективна алпска скијачка Ева Милевска, денес го има својот прв настап во Европа купот. Таа ќе настапи на скијачката патека во Сарентино, Италија, со стартен број 87.

Натпреварот се одржува на само неколку дена пред почетокот на Зимските олимписки игри и претставува последна проверка на подготвеноста за дел од олимписките учесници, но и важен тест за останатите натпреварувачи во брзите алпски дисциплини.

– Со оглед на тоа дека сме на прагот на Зимската олимпијада, ова е исклучително важна трка и последна проверка за најдобрите во светот на брзите дисциплини. Изразувам голема благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија како мој поддржувач, компанија која ми овозможи учество на натпреварите од Европа купот – изјави Милевска.

Во рамки на подготовките, таа тренираше со врвни италијански тренери, познати по своето долгогодишно искуство и традиција во алпското скијање, што претставува значаен чекор во нејзиниот професионален и спортски развој.

„Со оваа поддршка, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на спортот и континуираната поддршка на македонските спортисти на меѓународната сцена“. соопшти Видеолотарија Касинос Австрија.

Фото: ВЛТ
Поврзани содржини