📽️ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА ОД МАЧЕЊЕ РУСКИ ВОЈНИЦИ Полуголи врзани за дрво, едниот виси со главата надолу, а другиот принуден да јаде снег

Нови видеа од фронтот откриваат сурови методи за казнување на руски војници обвинети за дезертерство и одбивање наредби.

709

Вознемирувачките видеа што кружат на социјалните мрежи го покажуваат бруталното казнување на руските војници кои беа обвинети за непослушност и обид за дезертерство од страна на команданти блиски до Кремљ, пишува Дејли Меил.

Едно видео покажува војник залепен наопаку за дрво на студ во близина на фронтовската линија. Друг војник, исто така врзан за дрво, е принуден да јаде снег по наредба на претпоставен офицер.






И двајцата се речиси голи, облечени само во долна облека, откако им биле одземени зимските униформи.

 

Командантот, кој се слуша на видеото, вика дека војниците се обиделе да ги напуштат своите позиции и одбиле да ги почитуваат наредбите. Додека му пика снег во устата на еден од нив, тој вика: „Јади, проклет гаду“.

Еден од војниците, видливо преплашен и во шок, низ солзи повторува: „Извинете, ве молам“, но командантот продолжува да ги понижува и навредува, потсмевајќи се на нивната машкост и нарекувајќи ги „проклети кретени“.

Снимката предизвика бес, а украинските и независните канали објавија дека станува збор за нови методи на мачење што се користат за казнување на руските војници кои одбиваат да учествуваат во нападите.

 

Каналот на Телеграм „Воена архива“ изјави дека командантите на теренот посегнуваат по сè посурови методи за одржување на дисциплината, додека каналот „Невзоров“ тврди дека руските генерали продолжуваат да „ги туркаат војниците напред по секоја цена“, предизвикувајќи ги локалните команданти да измислуваат нови казни.

Овие снимки не се први што прикажуваат мачење и брутално казнување и понижување на сопствените војници за непослушност или обиди за повлекување од руските редови. Слични сцени на злоупотреба и понижување се снимени и претходно, но ова ниво на отворена суровост, садизам и јавно понижување никогаш порано не е видено.

Фактот дека војниците се злоставуваат речиси голи на температури далеку под нулата, во услови каде што изложеноста на студ може да биде фатална, дополнително го зголемува ужасот на целата сцена. Затоа многумина ги сметаат овие снимки за најшокантни од почетокот на војната.

Поврзани содржини