ЃОКОВИЌ ГУБЕШЕ 2:0, НО СТИГНА ДО ПОЛУФИНАЛЕ Италијанецот Мусети се повреди и му го предаде мечот на Ноле

Во борбата за финале, Србинот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.

2,926

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен 2026, откако неговиот противник Лоренцо Мусети го предаде четвртфиналниот меч поради повреда.

Италијанецот одигра одличен старт и ги освои првите два сета со 6:4 и 6:3, ставајќи го Србинот во тешка позиција. Сепак, во третиот сет, при резултат 1:3, Мусети почувствува силна болка во бутниот мускул и беше приморан да се повлече од натпреварот.






Интересно, проблеми имаше и Ѓоковиќ – меѓу вториот и третиот сет побара медицински тајм-аут поради плускавци на десното стапало, но успеа да продолжи и на крајот да профитира од предавањето на ривалот.

– Не знам што да кажам, освен што ми е навистина жал за него. Тој беше многу посилен во овој натпревар, јас веќе бев на пат кон дома. Но, вакви работи се случуваат во спортот. Ми се случило неколку пати. Не знам што да додадам. Му посакувам брзо закрепнување. Дефинитивно требаше да победи денес, рече Србинот по мечот.

Овој меч беше јубилеен за Ѓоковиќ – негов 1.400-ти во професионалната кариера, а победата е 1.168-ма, со што по 13-ти пат ќе игра полуфинале на Австралија опен.

Во борбата за финале, Србинот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.

Во првото полуфинале, пак, силите ќе ги одмерат Карлос Алкараз и Александар Зверев.

Поврзани содржини