ЗВЕРЕВ Е ПРВ ПОЛУФИНАЛИСТ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН Ќе се соочи или со Карлос Алкараз или со Алекс Де Минаур
Германскиот тенисер Александар Зверев рано утрово го победи Американецот Лернер Тиен во четвртфиналниот натпревар на Австралија опен со 6:3, 6:7 (5:7), 6:1 и 7:6 (7:3).
Мечот траеше 3 часа и 13 минути.
Зверев сервираше 24 аса, направи една двојна грешка и реализираше три од осум брејк топки. Тиен сервираше 11 аса, направи девет двојни грешки и не реализираше ниту една од три брејк топки.
Германецот стана првиот полуфиналист на Австралија опен. Во следната рунда, тој ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Карлос Алкараз (Шпанија) и Алекс Де Минаур (Австралија).
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 74,9 милиони долари.