ТЕЈАНА ТЕЈЛОР ПРОШЕТА СО „ГОЛ“ ФУСТАН ВО ПАРИЗ Американската глумица го украде вниманието на ревијата на Скиапарели
Тејлор носеше фустан од познатата модна куќа на чијашто ревија се појави, а истиот го надополни со бисерна тиара. Проѕирниот фустан од брендот Скиапарели е со долги ракави, извезени цветови на стратешките места и достигнува должина до под колената.
Американската актерка Тејана Тејлор го украде целото внимание на ревијата на Скиапарели појавувајќи се во „гол“ фустан – проѕирен чипкаст фустан што ги следеше нејзините облини.
Тејлор носеше парче од брендот чија ревија ја посети, а мрежестиот фустан со долги ракави имаше извезени цветови и достигнуваше должина до под колената.
Носеше палто префрлено преку рамената преку фустанот. Прекрасната бисерна тиара, заедно со ѓердан и обетки, додадоа гламур на овој аутфит. Носеше црни салонки со платформа.
Кога влезе на самата ревија, го соблече палтото и позираше за фотографите.
View this post on Instagram
Во текот на четири дена, од понеделник 26 јануари до четврток 29 јануари, Неделата на висока мода во Париз ги носи колекциите пролет/лето 2026.
Инаку, Тејлор беше номинирана за Оскар за споредна женска улога во филмот „Една битка по друга“, а неодамна, на доделувањето на наградите „Златен глобус“, пристигна во истиот фустан од Скиапарели.
Во интервју за „Холивуд репортер“, таа призна дека номинацијата предизвикала мешавина од чувства на воодушевување и изненадување.
– Мојата тетка се врткаше низ кујната, а јас дремев, па се разбудив и го видов преносот во живо. Беше малку нереално, се чувствував како да сонувам. Дефинитивно сум пресреќна и преплавена од емоции на најдобар можен начин – рече таа.