ВО САМО 5 ДЕНА ДВЕ ДЕЦА ОСЛЕПЕЛЕ ИГРАЈЌИ СИ СО ЛАСЕР Хрватските власти загрижени

Двете деца сега ќе го поминат остатокот од животот со вид само на едното око.

246

Во рок од само пет дена во Хрватска се регистрирани два случаи на неповратно оштетување на видот кај деца на возраст од 12 и 13 години. Во двата случаи дошло до тешко оштетување на мрежницата на едното око, со трајно губење на видот. Двете деца сега ќе го поминат остатокот од животот со вид само на едното око, пишува порталот „Zdravlje“.

Првиот случај бил забележан за време на дежурство во болница во недела, кога дете, кое добило ласерски уред како подарок, било примено поради оштетување на мрежницата предизвикано од силен извор на светлина. Ласерот купен преку интернет имал излезна моќност од 100 mW, што повеќекратно ги надминува безбедносните прагови за директна изложеност на окото. Таквите ласери во медицинската пракса се користат исклучиво во контролирани услови за лекување на болести на мрежницата. Во овој случај, изложеноста на ласерот резултирала со трајно оштетување на видот.






Вториот случај се случил пет дена подоцна, кога дете, исто така изложено на интензивна ласерска светлина, развило трајни промени на мрежницата предизвикани од фототрауматско оштетување. И тоа ќе остане само со едно функционално око.

Двата случаи ја нагласуваат сериозноста на користењето ласери кои не се правилно означени и кои претставуваат сериозен ризик, особено кога се користат без медицински надзор. Иако ваквите повреди не се резултат на болест или генетско нарушување, тие имаат долгорочни последици врз квалитетот на живот на децата.

Поврзани содржини