КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од исходот на Конгресот
На состанокот била изгласана доверба актуелното раководство на партијата, односно на Централниот и на Извршниот одбор, а поддршка од присутните делегати добила и заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска-Пановска.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека денешниот Конгрес бил успешен од аспект дека бил усвоен извештајот за локалните избори во 2025 година и дека се изгласала доверба на сите партиски тела.
По петчасовна дискусија на 31. партиски Конгрес, која се одвиваше зад затворени врати, Филипче изјави дека сите пофалби и критики биле изнесени во конструктивен и во добронамерен тон.
На состанокот била изгласана доверба актуелното раководство на партијата, односно на Централниот и на Извршниот одбор, а поддршка од присутните делегати добила и заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска-Пановска.
– Од аспект на дискусија, од аспект на предлови, од аспект на совети, забелешки и критики, од аспект на пофалби бил рекол дека беше многу успешен, затоа што имавме одлична дебата, многу дискутанти и секој и сечие мислење беше конструктивно, добронамерно – и критиките и пофалбите – рече Филипче.
Тој најави дека сите изнесени предлози и препораки ќе се сублимираат и ќе бидат тема на следните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор. Целта ќе биде врз основа на тие препораки и предлози да се утврди дали е потребно да се направат дополнителни измени на Статутот на СДСМ и во делот на креирањето на политиките.
– Така што, многу сум задоволен од денешниот состанок – рече тој.
Филипче потврди дека на Конгресот се дискутирало и за членовите на партијата кои отворено искажале незадоволство од актуелното раковдство на СДСМ.
– Се дискутираше и за тоа. Се дискутираше и за огромниот број членови, наши симпатизери и поддржувачи коишто за тие луѓе што денес ја критикуваат партијата, трчале и давале поддршка за време на нивните предизборни кампањи, за разочараноста на тие навистина верни членови кои без никаков бенефит ги поддржувале овие наши поранешни функционери. Тие биле во партијата и пред тие да бидат на функција и за време на нивните мандати, а и сега се тука како искрени и чесни членови. Така што се зборуваше за сите аспекти – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.