30 САНТИМЕТРИ СНЕГ НА ШАПКА Ноќва ќе паѓа нов снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

85

Со измерена температура од -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7 часот беше најстуденото место во земјава по што следат Попова Шапка и Крива Паланка со -3 , -2 степени се измерени во Пожаране и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, 0 степени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци и Прилеп, 1 во Kрушево, Штип, Охрид и Виница, 2 во Куманово и Гевгелија, а најтопло беше во Струмица каде е измерена температура од 3 степени Целзиусови.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), највисока измерена снежна покривка од 30 сантиметри утринава во 7 часот има на Попова Шапка, 11 во Маврови Анови, а 4 сантиметри се измерени во Крушево.






Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

Поврзани содржини