ЈА ТЕПАЛ СОПРУГАТА ПРЕД МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА Предизвикал страв и вознемиреност кај детето
Мажот од Делчево се товари за кривични дела „загрозување на сигурноста“, „телесна повреда“ и „насилство врз дете“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 48-годишен маж од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „телесна повреда“ и „насилство врз дете“.
На 09.01.2026 во семејниот дом, пријавениот се заканувал на неговата сопруга, по што физички ја нападнал во присуство на нивната малолетна ќерка и предизвикал страв и вознемиреност кај детето.