ФРАНЦУСКАТА МОРНАРИЦА ЗАПЛЕНИ ТАНКЕР ОД „ФЛОТАТА ВО СЕНКА“ Се верува дека бродот е руски, но плови под туѓо знаме

Решени сме да го спроведеме меѓународното право и да ја обезбедиме ефикасноста на санкциите. Активностите на флотата во сенка придонесуваат за финансирање на агресорската војна против Украина, истакна Макрон.

232

Француската морнарица запре и изврши инспекција на нафтен танкер во Средоземното Море, за кој се верува дека е дел од руската „флота во сенка“, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон преку објава на мрежата „Икс“ појасни дека бродот е под сомнеж дека плови под лажно знаме и дека е предмет на меѓународни санкции. Правосудните органи веќе покренаа истрага, а танкерот е пренасочен кон пристаниште.






Според францускиот претседател, операцијата е спроведена во консултација со сојузниците.

– Решени сме да го спроведеме меѓународното право и да ја обезбедиме ефикасноста на санкциите. Активностите на флотата во сенка придонесуваат за финансирање на агресорската војна против Украина, истакна Макрон.

Ова е втор ваков случај за неколку месеци, откако Франција во октомври заплени брод под сомнение дека и припаѓа на руската неформална флота. „Флотата во сенка“ е одговор на Москва на меѓународното ограничување на цената на руската нафта, при што Русија се обидува да го прикрие потеклото на енергенсите преку исклучување на сателитските транспондери или префрлање на нафтата меѓу танкери на отворено море.

Поврзани содржини