ДОДЕКА КУЗЕСКА Е НА ЗИМУВАЊЕ, ЈА МЕНУВА ФИЛИПЧЕ Од ВМРО-ДПМНЕ му рекоа на Венко да не се жали од медиумите како тетка на чешма
На лидерот на СДСМ не му се проблем медиумите, туку неговиот и криминалот на Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДСМ е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и на менторот Заев, кои го доведоа СДСМ на вака ниски гранки, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес конференција на лидерот на СДСМ.
„Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДСМ, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите. Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаjа врз СДСМ и народот сето тоа го гледа. Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси. Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДСМ е партија на многу интриги и проблеми. На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал поради што секој мисли дека се криминалци“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека наместо да кажува факти, Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“.
„Тие ‘октоподи’ седум години му служеа на СДСМ како портпароли, додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста. Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.