📽️ РУСИТЕ ПОГОДИЈА СОПСТВЕНА ЗГРАДА СО РАКЕТА Градоначалникот на Ростов на Дон вели дека се работи за украински дрон
Според градоначалникот на Ростов на Дон, пак, Александар Скрјабин, пожарот во зградата бил предизвикан од остатоци од украински дрон.
Очевидци и снимки на социјалните мрежи тврдат дека руска противвоздушна ракета погодила станбена зграда во Ростов на Дон. Инцидентот се случил за време на украински напад со беспилотни летала, а властите издале повеќекратни предупредувања за ракети во регионот, јавува „Киев Индепендент“.
Жителите пријавиле силни експлозии во текот на ноќта, а видеа објавени на руски Телеграм-канали прикажуваат како воздушната одбрана реагира над градот. На едно од нив, според описите, се гледа моментот кога проектил се спушта кон станбен блок.
Russian air defense missile hits residential buildings in Russia’s Krasnodar region – aftermath footage. https://t.co/Yeq3rrjdkG pic.twitter.com/rLQ8tjR1xU
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) January 20, 2026
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјавил дека едно лице загинало, а четири се повредени – меѓу нив и четиригодишно дете. Повредените биле пренесени во болница, додека локалните власти работеле на санација на оштетените згради.
Руското Министерство за одбрана соопштило дека соборило 48 украински дронови во текот на ноќта, но не го навело точниот број на лансирани летала.
Според градоначалникот на Ростов на Дон, пак, Александар Скрјабин, пожарот во зградата бил предизвикан од остатоци од украински дрон.