СРБИЈА РАЗМИСЛУВА ДА ГО СКРАТИ ШКОЛСКИОТ ЧАС НА 30 МИНУТИ Намалено е вниманието кај децата
Кај децата постои феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути да следат настава, изјави српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ.
Се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути бидејќи кај децата постои феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути да следат настава, изјави српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ.
Министерот вели дека концентрацијата на учениците на часовите е проблем за кој се зборува веќе некое време, а јавноста има предлог да се намали времетраењето на часовите од 45 на 30 минути.
– Во моментов размислуваме за таа идеја, да бидам најпрецизен, отворено и гласно. Мислам дека постои некаков вид психолошко оправдување. Токму под влијание на овие нови технологии се јавува феноменот на дифузно внимание. Не можете да бидете фокусирани на еден предмет, туку едноставно многу лесно преминувате од една содржина на друга – објасни Станковиќ.
Како што додаде тој, тоа создава ефект кај децата да не можат да останат фокусирани 45 минути, што е максималното време за концентрација и кај возрасните.
Тој додаде дека се разгледува и делумна или целосна забрана за мобилни телефони во училиштата.