ОБВИНИТЕЛСТВО ДА ГИ ДОПРЕ „НЕДОПИРЛИВИТЕ“ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ Со закани и уцени кон Жан Митрев се обиделе да му ја преземат клиниката

Зоран Заев и Венко Филипче додека беа на власт уценуваа, се закануваа, делеа провизии и ги злоупотребуваа институциите за рекет и за вршење притисок, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

848

Венко Филипче и Зоран Заев уште еднаш се разобличени пред јавноста. Заев од позиција на премиер, а Венко Филипче од позиција на министер за здравство, ги злоупотребиле институциите за сопствени лукративни причини и се обиделе да му ја одземат болницата на докторот Жан Митрев, според неговите сведоштва во интервју на национална телевизија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Филипче му се заканувале на сопственикот, со цел да му ја одземат приватната болница „Жан Митрев“. Во екот на судски процес, кога институциите беа под целосна контрола на тогашната власт на СДСМ, на д-р Митрев му биле блокирани сметката на болницата и личната сметка, а била воведена и забрана за продажба на болницата. Но, шокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев, по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба. Ова е доказ за сериозно мешање и политички диктат во правосудството од страна на Заев и Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Заев и Филипче ги користеле институциите за директен притисок врз Жан Митрев, се додава во соопштението.

„Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност, што претставува организиран грабеж под маската на институционално постапување. Додека граѓаните секојдневно умираа од ковид, а вакцините доцнеа поради неспособноста и незаинтересираноста на Заев и на Филипче, тие си кроеле шеми како да профитираат врз грбот на народот и како да превземаат приватни болници за лично богатење“, се вели во соопштението.

Ова е вистинската слика на СДСМ, на Заев, Филипче и на останатите кои додека беа на власт уценуваа, се закануваа, делеа провизии и ги злоупотребуваа институциите за рекет и вршење притисок, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното обвиителство веднаш да отвори постапка да ги истражи сите наводи и да постапи неселективно. Македонија мора да расчисти со ваквите криминални постапки и практики без политички калкулации. Законот мора да важи за сите, особено за оние кои мислат дека се недопирливи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини