МУ СОБРАЛЕ 1.500 ЕВРА СО КОПИЈА НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА „ПОШТА“ Гостиварец добил лажна смс порака

По внесување на податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле направени неовластени трансакции во неколку наврати, во вкупен износ од 89.106 денари кон сметки во странство.

406

Гостиварецот С.А. (34) пријавил во Полициската станица Гостивар дека добил СМС порака со линк за наводна достава од „Пошта на Северна Македонија“, информираше Министерството за внатрешни работи. Линкот водел до лажна интернет страница која изгледала идентично на официјалниот портал на Поштата.

По внесување на податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле направени неовластени трансакции во неколку наврати, во вкупен износ од 89.106 денари кон сметки во странство.






Полицијата извести дека се преземаат мерки за откривање на сторителите и дека случајот е предмет на дигитална форензика.

Поврзани содржини