ПРЕД ПОЖАРОТ ГИ ТУЖЕЛА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА „КОНСТЕЛАСИОН“ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА Сијан Панин од кацигата не видела дека прскалките се опасно блиску до таванот

Сијан Панин го почнувала својот работен ден во ресторан за брза храна, исто така во сопственост на семејството Морети и го завршувала во барот „Констеласион“ во раните утрински часови, а наводно, не добивала плата и немала писмен договор за вработување.

457

Родителите на 24-годишната Сијан Панин, девојката со кацигата за која се верува дека во  новогодишната ноќ ненамерно го запали плафонот по што настана пожарот во барот „Констеласион“ во швајцарското скијалиште Кранс Монтана, тврдат дека таа била експлоатирана од нејзините работодавци.

Сијан е една 40-те жртви на катастрофалниот пожар кој настана по потпалувањето на сунѓерот на плафонот. Во пожарот беа повредени 116 лица. Сијан е девојката со кацигата која беше  фотографирана на рамената на колега, со огнени прскалки кренати речиси до плафонот.






Сопствениците на барот, Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика (40) им рекоа на обвинителите дека ја сметаат Сијан за дел од семејството, а Џесика Морети, според транскриптот од нејзиното испрашување, рекла дека „ја сметала за сестра“. Сепак, нејзините родители, Жером и Астрид Панин, преку адвокатката Софи Хаени, ги оспорија тие тврдења. Во соопштението, тие рекоа дека парот Морети ја експлоатирале нивната ќерка до степен на „физичка и емоционална исцрпеност“.

„Таа неколку пати им се жалела на своите родители за условите за работа“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Панин го почнувала својот работен ден во ресторан за брза храна, исто така во сопственост на семејството Морети и го завршувала во барот „Констеласион“ во раните утрински часови.

„Сијан рекла дека чувствувала дека е експлоатирана. Таа објаснила дека не може да го разбере недостатокот на емпатија и разбирање од нејзините работодавци“, се вели во соопштението на адокатката на родителите.

Во соопштението се наведува и дека пред нејзината смрт, Панин поднела тужба против сопственикот, со која бараа писмен договор за вработување и плати кои никогаш не ги добила.

Според обвинителите, пожарот бил предизвикан од прскалки кои запалиле звучноизолациска пена на таванот на барот. Пожарот се проширил брзо, а посетителите останале заробени.

Нејзините родители тврдат дека Џесика Морети ѝ рекла да ја стави кацигата на главата. Француските медиуми сугерираат дека кацигата ја спречило да ги види искрите што се приближуваат кон таванот.

„Сијан само ги следела упатствата, си ја вршела работата и тоа го правела пред менаџерот. Никогаш не била информирана за опасностите од таванот и не добила никаква обука за безбедност“, рекле нејзините родители.

За двојката Морети се води истрага под сомнение за убиство од небрежност. Жак Морети, кој претходно беше осуден за регрутирање жени во Франција да работат како проститутки во салони за масажа во Швајцарија, е во притвор. Неговата сопруга е ослободена со кауција. Адвокатите на семејството Морети одбија да коментираат за случајот.

ОВА Е ДЕВОЈКАТА СО КАЦИГАТА КОЈА ГО ПРЕДИЗВИКА ПОЖАРОТ ВО БАРОТ ВО КРАН МОНТАНА И таа е меѓу загинатите, родителите неутешни

Поврзани содржини