ЕВРОПСКА ВОЈСКА НА ГРЕНЛАНД НЕМА ДА ГО ПРЕМИСЛИ ТРАМП Американците инсистирале средби за „купувањето“ да има секои 2 недели

Портпаролката на Белата куќа изјави претставниците на САД и Данска се договориле да основаат работна група која ќе продолжи да води технички разговори за „аквизицијата на Гренланд“, наведува британската телевизија. Според Ливит, тие разговори ќе се одржуваат на секои две до три недели.

115

Белата куќа денеска соопшти дека состанокот меѓу американските официјални претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен и нагласи дека испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит на прес-конференција изјави дека вчерашните разговори на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Моцфелд, со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и државниот секретар Марко Рубио биле „продуктивни“, пренесува „Скај Њуз“.






Таа додаде дека страните се договориле да основаат работна група која ќе продолжи да води технички разговори за „аквизицијата на Гренланд“, наведува британската телевизија. Според Ливит, „тие разговори ќе се одржуваат на секои две до три недели“.

– Но, претседателот сосема јасно го стави до знаење својот приоритет, тој сака САД да го добијат Гренланд и смета дека тоа е најдобро за националната безбедност – наведе Ливит.

Таа додаде дека испраќањето трупи од европските земји на Гренланд нема да влијае на одлуката на Трамп за преземање на таа територија.

Данските и гренландските власти ги предупредија САД да не го заземаат островот, напомнувајќи дека очекуваат почитување на нивниот територијален интегритет. Островот беше данска колонија до 1953 година и остана дел од кралството, но во 2009 година доби автономија, што му овозможи самостојно да управува и да ја одредува сопствената внатрешна политика.

Поврзани содржини