МУЦУНСКИ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РАЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ГРЕНЛАНД И во НАТО се дискутира како ќе се позиционира државата

Ја следиме внимателно состојбата, јас искрено сакам да верувам дека ќе се најде решение, кое е во согласност со меѓународното јавно право, вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

110

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски рече дека верува дека за Гренланд ќе се најде решение во согласност со меѓународното право, прашан за тоа како ќе се позиционира Македонија во врска со ова прашање и дали ќе дадеме поддршка на САД, како наш стратешки партнер.

– Во однос на тоа прашање ја следиме внимателно состојбата, веќе има дискусија и во рамки на НАТО како ќе се постави државата. Јас искрено сакам да верувам дека ќе се најде некое рационално решение, кое е во согласност со меѓународното јавно право, а по однос на конкретни идни хипотетички дејствија не би можел да одговорам – рече Муцунски.






Шефот на дипломатијата истакна дека секое позиционирање на нашата надворешна политика за разни прашања се гледа низ призма на конкретен пример.

Тој оцени дека успешно менаџираме во сложените геополитички времиња.

Поврзани содржини