ПРОПАДНА МИЛИОНСКИОТ ТРАНСФЕР НА СТРЕЛЕЦОТ НА ВАРДАР? Мато е врзан со договор со шкотски Хартс

Имаме потпишан договор со играчот и сме опуштени во врска со ситуацијата, изјави портпаролот на клубот од Единбург. Истовремено, весникот „Хартс Стандард“ пренесе дека портпаролот на Спортинг Канзас Сити потврдил дека Американците се повлекле од преговорите.

142

Шкотскиот клуб Хартс вечерва одговори дека не се грижи за објавата на скопски Вардар дека прифатил понуда од американскиот Спортинг Канзас за продажба на напаѓачот Роџерс Мато. Иако Вардар ја нарече зделката „милионски трансфер“, Хартс тврди дека играчот веќе има потпишано преддоговор со нив и во јули ќе стане нивен фудбалер без обесштетување.

Хартс минатата недела понудил 300.000 фунти за да го добие Мато уште сега, но понудата била одбиена.






– Имаме потпишан договор со играчот и сме опуштени во врска со ситуацијата– изјави портпаролот на клубот од Единбург.

Истовремено, „Хартс Стандард“ пренесе дека портпаролот на Спортинг Канзас Сити потврдил дека Американците се повлекле од преговорите.

„Го разгледувавме трансферот на Роџерс Мато, но тој одлучи да потпише преддоговор со Хартс. Му посакуваме сè најдобро во иднина“, стои во соопштението.

ВАРДАР ПРИФАТИ МИЛИОНСКА ПОНУДА, МАТО ЗАМИНУВА Стрелецот ќе трча за Спортинг Канзас Сити во САД

Поврзани содржини