ВО СПОМЕН НА ЗОРАН МАЏИРОВ Нашиот ботлмен не беше виртуоз само на шишиња, туку и во кујна

Ако беше жив денес (14 јануари), нашиот голем музичар и виртуоз на шишиња ќе полнеше 58 години. Во негово сеќавање го пренесуваме кулинарското интервју со него направено во 2011.година во кое зборуваше за своите гастрономски импровизации, за љубовта кон готвењето и храната, како и за своите настапи на најразлични ексклузивни кулинарски шоуа на многу светски познати готвачи, меѓу кои и на шоуто на Џејми Оливер, во далечната 2008 (или 2009 година) во Франкфурт на Мајна.

417

На денешен ден, во 1968 година е роден Зоран Маџиров, нашиот голем музичар и виртуоз на шишиња, кој на 7.октомври 2016. настрада во страотна сообраќајна несреќа, после која се наоѓаше во коматозна состојба цели седум месеци. Почина во мај 2017-та.

Во архивата на нашиот портал го најдовме кулинарското интервју со Зоки Маџиров, што сме го преобјавиле откако првично беше направено во мај 2011.година за тогашниот „1Е“ магазин.






Нашата средба за интервјуто почна во ресторанот „Скала“, во близина на градскиот парк во Скопје, а потоа продолживме заедно на следниот настан – дегустација на вина.

По пат дотаму во неговиот автомобил слушавме ЦД, се разбира, неговото – „Roots On A Roof (Balkano Nuevo) кое на крајот го добив и како подарок. Правевме еднаш и семејно интервју за истиот магазин, со Зоки, неговата сопруга Ели, ќерката Нина и синот Љубен, во нивниот дом во Струмица, но за жал, тоа не успеав да го најдам.
Во знак на сеќавање на добриот човек и голем виртуоз кој со својот огромен талент и вештина правеше музика на шишиња, го споделуваме со вас текстот насловен како „Пасиониран готвач и импровизатор“ во кој, меѓудругото, вели дека единствената стандардна состојка која ја употребува во сите рецепти што ги готви за семејството и бројните пријатели, е големата доза на љубов.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини