НЕ Е ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЕЦ ЛИЦЕТО ШТО ГО СКРШИ СТАКЛОТО НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА Петар Колев за бугарски медиум откри дека лицето е бездомник
Колев во интервјуто не ја исклучи можноста Бугарија да инсистира на запирање на европските средства за Северна Македонија.
Лицето што скрши стакло на вратата на Бугарската амбасада во Скопје не бил етнички Македонец и бил бездомник.
Ова го објави Петар Колев, лидер на бугарска политичка партија во Македонија, во интервју за бугарски медиум.
– Чудно е што лице кое не е Македонец и живее на улица би извршило таков чин без дополнителен поттик – рече Колев во дебата во која неговата соговорничка сугерираше дека можеби напаѓачот бил платен за да ја направи оваа провокација.
Во својата анализа, Колев ги спореди односите меѓу Северна Македонија и Бугарија со оние меѓу Северна и Јужна Кореја, кои толку многу заостануваат во својот развој токму поради политичките режими. Колев не ја исклучи можноста Бугарија да инсистира на запирање на европските средства за Северна Македонија.
– Средствата за пристапување доаѓаат од нашите даноци – од европските земји. Исто како што можат да бидат запрени за Унгарија, можат да бидат запрени и за Северна Македонија – рече тој во интервјуто.