ПОЧНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА На маса се неколку важни прашања

Пред почетокот на лидерската, изјава даде само Апасиев, кој ги повтори барањата на Левица – промена на Изборниот законик, укинување на техничката влада и една изборна единица. 

193

Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата Вреди. Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.






Пред почетокот на лидерската, изјава даде само Апасиев, кој ги повтори барањата на Левица – промена на Изборниот законик, укинување на техничката влада и една изборна единица.

Како што е најавено, на лидерската средба ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Мицкоски очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, а дневниот ред може да биде проширен и дополнет од страна на другите.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на 8 јануари го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада, обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени избори“. Според Филипчe, техничката влада мора да остане зашто била гарант за фер избори и контролен механизам за да се спречи злупотреба на институциите.

Од Владата најавија дека премиерот Мицкоски ќе даде изјава по завршувањето на средбата.

Поврзани содржини