НАСКОРО ЌЕ ИМА АМЕРИКАНСКИ ВОЕН НАПАД ВРЗ ИРАН? Анализа или најава од израелски генерал

Во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне, рече израелскиот генерал Авиви. 

288

Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF) Амир Авиви процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем Пост“.

– Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел – изјави Авиви на конференцијата организирана од весникот доцна синоќа.






Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.

– И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне – рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

Поврзани содржини