НАД 300 ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЛОНДОН ПРИЗНАА ДЕКА СЕ ЧЛЕНОВИ НА МАСОНСКИ ЛОЖИ Лондонската полиција бараше сите да се изјаснат дали се дел од хиерахиски и тајни здруженија

Одлуката предизвика правен одговор од Обединетата голема ложа на Англија и од други масонски организации, кои поднесоа тужба до Врховниот суд, тврдејќи дека мерката е дискриминаторска.

147

Повеќе од 300 припадници на лондонската полиција официјално потврдија дека членуваат во масонски ложи или во други слични „хиерархиски здруженија“, откако минатиот месец стапи во сила новата обврска за пријавување на ваквите членства.

Полицијата во британската престолнина во декември ја промени својата политика и побара од сите полициски службеници и од цивилниот персонал да го пријават своето минато или сегашно членство во организации кои се тајни, хиерархиски поставени и кои бараат заемна поддршка и заштита од членовите.






Оваа одлука предизвика правен одговор од Обединетата голема ложа на Англија и од други масонски организации, кои поднесоа тужба до Врховниот суд, тврдејќи дека мерката е дискриминаторска.

Судијата од Врховниот суд, Чемберлејн, во своето соопштение истакна дека барањето за пријавување стапило во сила веднаш. Тој додаде дека судот набргу ќе одлучува за барањето на масоните за привремена забрана на оваа политика, но нагласи дека во моментот нема итна потреба од таква мерка, бидејќи веќе 300 вработени доброволно го пријавиле своето учество.

Масонските организации бараат суспензија на правилото сè додека не се донесе конечната судска одлука по нивната жалба.

Поврзани содржини